Неколку ученици се повредени или убиени во експлозија во училиште во источната авганистанска покраина Кунар, соопшти денес локалната полиција.
Портпаролот на покраинската полиција Фарид Дехкан изјави дека експлозијата се случила во 10 часот наутро по локално време во училиште во округот Андар Сер во покраината, додавајќи дека детонацијата „убила или повредила неколку ученици“, објави АП.
Нема веднаш информации за причината за експлозијата или за точниот број на жртви.












