петок, јули 10, 2026
Дома БАЛКАН Вучиќ: Ќе поднесам оставка откако ќе се распишат изборите, сакам да учествувам...

Вучиќ: Ќе поднесам оставка откако ќе се распишат изборите, сакам да учествувам во кампањата како обичен граѓанин

0

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека ќе поднесе оставка од функцијата претседател на Републиката неколку дена по распишувањето на парламентарните избори.

Тој објасни дека ќе го стори тоа за да може, доколку е кандидат за премиер, да учествува во изборната кампања како граѓанин.

„Морам да ги распишам парламентарните избори во својство на претседател на Републиката, потоа ќе поминат неколку дена и потоа ќе поднесам оставка“, изјави Вучиќ за „ТВ Пинк“.

Тој изјави дека ги вади личните работи, како што се книги и слики, од Претседателството, додавајќи дека таква одлука најавил и претходно.

Вучиќ рече дека доколку неговите политички соработници сакаат тој да биде кандидат за премиер, ќе ја води кампањата „од позиција на обичен граѓанин“, а не како претседател на Републиката.
„Сакам да покажам дека можам да имам исти услови како и сите други, и да се борам и да победам“, рече тој.

Зборувајќи за личните мотиви, Вучиќ рече дека чувствува одговорност кон своето семејство и дека е засегнат, како што тврди, од заканите и обвинувањата што се упатени кон членовите на неговото семејство.

„Се обидувам да се справам и со себе“, рече Вучиќ, наведувајќи дека се стреми да се однесува подеднакво кон сите граѓани, и покрај, како што рече, негативните емоции што ги чувствува кон одредени луѓе, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ