петок, ноември 27, 2026
Дома БАЛКАН Чупиќ се воздржа за односот меѓу Македонија и Бугарија: Ако е веќе...

Чупиќ се воздржа за односот меѓу Македонија и Бугарија: Ако е веќе членка на ЕУ, и нејзе ѝ е место овде да помогне

2
Фото:претседателски кабинет

Претседателката на Македонија е од академскиот свет. Имавме некои свои, лични теми, лични симпатии кон младите луѓе, кон нивното вклучување во политичките процеси како нешто што треба да биде лековито ако целиот овој регион сака да ги задржи и да опстане, и тие да останат овде заедно со нас, изјави попладнево во Охрид вршителот на должност претседател на Србија, Александар Чупиќ, по билатералната средба со Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на Процесот Брдо-Бриони.

Тој се воздржа од коментар за односите и билатералните прашања меѓу Македонија и Бугарија.

– Процесот Брдо-Бриони е пример како можат државите кои се веќе во Европската Унија да имаат некакви иницијативи и своите искуства да ни ги понудат нам, кои сме на тој пат. Не сум потполно запознаен, нешто претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прокоментира, но би се воздржал за односот меѓу Македонија и Бугарија. Мислам дека можеби и на Бугарија и е овде место, ако е веќе членка на ЕУ и таа да помогне. Сите сме во ист регион, рече Чупиќ.

Негова оцена е дека со лидерите од регионот, кои присуствуваа на Процесот, воспоставен е нов квалитет на комуникација.

– Билатералните состаноци со Жељка Цвијановиќ, Јаков Милатовиќ и Гордана Сиљановска-Давкова, беа многу пријателски, барем јас добив таков впечаток. И тие беа презадоволни со тонот и начинот на кој, би рекол, воспоставивме нов квалитет на комуникација, нагласи Чупиќ.

ИЗДВОЕНИ