четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Втората група евакуирани Македонци од Дубаи пристигнаа на скопскиот аеродром

Втората група евакуирани Македонци од Дубаи пристигнаа на скопскиот аеродром

69

Попладнево на Меѓународниот аеродром Скопје пристигна втората група македонски граѓани кои безбедно полетаа од Дубаи и ја напуштија територијата на Обединетите Арапски Емирати.

Станува збор за вкупно 150 патници, од кои 125 македонски државјани, 7 државјани на Србија, 11 државјјани на Косово, 2 државјани на Босна и Херцеговина, 2 државјани на Албанија, 1 државјанин на Германија, 1 државјанин на Ерменија и 1 државјанин на Црна Гора.

Врз основа на претходно утврден план и во координација со надлежните институции, летот беше организиран од страна на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, а трошоците за неговата реализација беа целосно покриени од државата.

ИЗДВОЕНИ