Почнувајќи од овој петок (30 октомври) па се до следниот петок (6 ноември) силен Антициклон (поле со висок воздушен притисок) ќе се стационира над Атлантикот и над Велика Британија. Токму ова ќе услови од северот и од североистокот на Европскиот Континент кон Балканот и кон Македонија да продре значително поладен воздух, најави Славчо Попоски.
Овој ладен воздух ќе продре се до Медитеранот.
Со продирањето на ладниот воздух од север до Јадранот и до Медитеранот, ќе дојде до секундарно формирање на циклонски систем (поле со низок воздушен притисок) кое ќе влијае на времето во Македонија во погоре споменатиот период.
Во погоре споменатиот период времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. И во Скопје и околината ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Особено обилни врнежи ќе имаме во недела (1 ноември) како и во почетокот на следната седмица кога на планините со надморска височина од над 1500 метри врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
За време на овој период на многу места во Македонија ќе наврне значително количество на воден талог (над 30 литри на метар квадратен воден талог, а локално и над 50 литри на метар квадратен воден талог). Особено во јужните и во југоисточните предели од Македонија количеството на врнежи ќе биде уште поголемо за време на овој период, локално во овие предели ќе наврнат дури над 100 литри на метар квадратен воден талог.
До сабота (31 октомври) температурите ќе бидат без поголеми промени, а веќе од недела (1 ноември) па во деновите потоа температурите ќе опаѓаат и ќе настапува ново заладување на времето.












