Фото: screenshot

Маж се самозапалил во автобус во швајцарскиот град Керзерс, предизвикувајќи пожар во кој загинале неколку патници, а неколку други биле повредени, објавија локалните медиуми. Според кантоналната полиција на Фрибург, пожарот избувнал околу 18:25 часот во вторник.

„Неколку лица се повредени, а неколкумина починале. Итните служби се на местото на настанот. Причината за инцидентот сè уште не е позната“, соопшти полицијата.

Пожарникарите, полицијата и екипите на брзата помош брзо пристигнаа на местото на настанот, но целиот автобусот беше зафатен од пламен. Фотографиите од местото на настанот објавени од локалните медиуми покажаа дека возилото е целосно уништено во пожарот, а од него се извишува пламен и густ чад.

Полицијата ја опколи областа околу местото на несреќата и ги повика жителите да се држат настрана додека пожарникарите работат. Додека пристигнаа пожарникарите, автобусот беше речиси целосно зафатен од пламен.

Спасувачките екипи се уште се на местото на настанот, пружајќи им помош на повредените и обезбедувајќи го местото на настанот, додека истражителите се обидуваат да ја утврдат точната причина за пожарот.

Точниот број на жртви и сериозноста на повредите сè уште не се официјално потврдени, а властите велат дека операцијата за спасување и истрагата се во тек.

ИЗДВОЕНИ