Американскиот претседател Доналд Трамп денес побара Иран веднаш да ги отстрани сите подводни мини поставени во Ормутскиот теснец или да се соочи со воена акција „каква што никогаш досега не е видена“.
Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп побара Иран веднаш да ги отстрани сите подводни мини.
„Доколку Иран поставил какви било мини во Ормутскиот теснец, а немаме извештаи за нив, сакаме да се отстранат и сакаме веднаш да се отстранат. Доколку од која било причина поставените мини не се отстранат веднаш, воените последици за Иран ќе бидат во размер што никогаш досега не е видено. Но, ако се отстранат, тоа ќе биде огромен чекор во вистинската насока“, се вели во објавата на Трамп.












