сабота, јули 18, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Владината потрошувачка кошничка чека амин од синдикатите и од работодавачите

Владината потрошувачка кошничка чека амин од синдикатите и од работодавачите

32

Потрошувачката кошничка е готова, беше дадена на Економско-социјалниот совет (ЕСС), очекуваме позитивни сигнали од сите и ќе почнеме да ја пресметуваме, изјави заменик-министерот за економија, Марјан Ристески.

– Потрошувачката кошничка не е некој пандан на синдикалната минимална кошничка, едноставно, ќе биде врз база на релевантни показатели, не само од Државниот завод за статистика туку и од сите други институции во државата – од маркетите, пазарите… Ќе ни биде потребна кога имаме економска криза или одредена економска политика, да ни дава насоки во креирање нови законски решенија, економски стратегии, одлуки – рече заменик-министерот.

Во врска со измените на Законот за нефер трговски практики, Ристески рече дека очекува да бидат донесени летово. Повтори и дека казните ќе бидат многу поригорозни, а со одредбите ќе бидат опфатени и набавувачите.

– Се надевам дека, до летово, законот ќе биде спроведен до Собранието, каде што треба да бидат изгласани предвидените измени – напомена Ристески.

ИЗДВОЕНИ