Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека претседателските избори во Бразил, на кои победи Луиз Инасио Лула да Силва, изгледаат „наместени“.
„Не зазедов страна, но изгледа дека изборите беа наместени. Изборите мора да бидат неспорни, а ова за мене изгледаше многу лошо“, изјави Трамп, пренесува „Ројтерс“.
Во вториот круг од претседателските избори во Бразил, одржан вчера, Лула победи со 51,79 отсто од гласовите, додека десничарскиот сенатор Флавио Болсонаро освои 48,12 отсто, пренесува Танјуг. Болсонаро и неговиот татко, поранешниот претседател Жаир Болсонаро, се сметаат за блиски до Трамп и неговата администрација.












