понеделник, јули 20, 2026
Дома МАГАЗИН Џенифер Лопез пронајде нова оаза по разводот/ФОТО

Џенифер Лопез пронајде нова оаза по разводот/ФОТО

65
Instagram Jlo

Пејачката и актерка Џенифер Лопез се пресели во луксузна вила во Лос Анџелес вредна 18 милиони долари, која ја купи по разводот од Бен Афлек. Како што објави Дејли Меил, новиот дом на актерката и пејачката е опишан како нејзината „куќа од соништата на Барби“.

Според списанието People, Лопез го купила имотот во март 2025 година, додека наводно почнала да бара нов дом во април 2024 година откако решила да се разведе од Афлек.

На 25 мај, пејачката им покажа дел од својот нов дом на своите следбеници на социјалните мрежи, објавувајќи фотографии од луксузен двор со базен и простор за одмор украсени во розови и бели тонови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

За време на прославата на Денот на сеќавањето, ѝ се придружија осумнаесетгодишните близнаци Макс и Ема, кои ги има од бракот со Марк Ентони.

Во последните три години, Лопез живее во вила вредна 60 милиони долари што ја делеше со Афлек и нивното пошироко семејство.

Куќата со 12 спални соби и 24 бањи е објавена на продажба повеќе пати од јули 2024 година, а повторно беше објавена на 5 мај за 50 милиони долари, според регистарот за недвижности.

ИЗДВОЕНИ