Општина Бутел почна со поставување видеонадзор на јавните површини на нејзината територија.
Ова, како што велат од Општината, го правата бидејќи во изминатиот период биле оштетени голем број детски игралишта, спортско-рекреативни центри и паркови.
–Локалната самоуправа ја надомести штетата и ги обнови јавните површини, но уништувањето на детските игралишта, спортските терени и урбаната опрема продолжува. Поставувањето на видеонадзорот ќе придонесе за намалување на девијантните појави. Снимките од надзорот ќе може да се користат единствено по налог на надлежните институции, со целосно почитување на законите – сметаат општинските власти.
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, упати апел за совесно користење на урбаната опрема и заштита на општинскиот имот.












