петок, јуни 5, 2026
Дома СКОПСКА Белите волци добија подмладок

Белите волци добија подмладок

1

Белите волци во скопската Зоолошка градина добија подмладок. Станува збор за две мали волчиња кои, како што велат од Зоолошката, веќе ја освојуваат љубопитноста на целиот нивен тим.

–Сè уште се нежни и најсигурни покрај својата мајка, која внимателно ги чува и се грижи за нив. Нашите мали волчиња најчесто се кријат во дупки и засолништа токму како што тоа природно го прават и во дивината, каде што првите денови ги поминуваат скриени и заштитени – истакнаа од Зоолошката градина.

Додаваат дека направените фотографии од нив кои ги споделија во јавноста се направени во ретките моменти кога тие излегуваат надвор, љубопитно го истражуваат просторот и веднаш повторно се враќаат на сигурно, покрај мајката.

 

 

ИЗДВОЕНИ