четврток, октомври 29, 2026
Дома LIFE „Нова Македонија“ – 82 години чувар на македонскиот пишан збор

„Нова Македонија“ – 82 години чувар на македонскиот пишан збор

89

Искрени роденденски честитки за колегите од „Нова Македонија“, весникот што на овој ден, пред 82 години, ја испиша првата страница во историјата на македонското современо новинарство. Весник што со децении е сведок на времето, хроничар на општествените промени и чувар на македонскиот јазик, културата и идентитетот. Весник чија историја е дел и од историјата на македонската државност.

Токму затоа денес, кога се соочуваат печатените медиуми со нови предизвици и неизвесност, особено е важно да се потсетиме дека нивната вредност не е пазарна, туку се мери со историската и со општествената улога што ја имаат. Оттаму и институционалните одлуки што ја засегаат иднината на печатените медиуми треба да ја препознаат и нивната незаменлива улога во информирањето на јавноста и во зачувувањето на македонскиот јавен збор.

Почитувани колеги,

ви посакуваме уште многу години успешна работа, нови генерации читатели и сила да ја продолжите својата важна мисија.

Срдечно,

колегите од весникот ВЕЧЕР

ИЗДВОЕНИ