Според информациите од Град Скопје, понудите на тендерот биле од две домашни компании.

– Во наредните денови, нашите служби ќе ја проверуваат целокупната обемна документација за да се провери исполнувањето на критериумите, а со тоа и релевантноста на понудите – соопштија градските власти.

Оттаму додаваат дека откако убаво ќе се проверат понудите, ќе се донесе одлука за избор на фирмата што ќе треба да ги почне активностите за проектирање и за изградба на монтажните катни паркинзи. Доколку сè биде како што треба, од Град Скопје велат дека би почнале активностите на почетокот од наредната година      

 

Можноста за аплицирање на тендерот за изградба на монтажни гаражи во кругот на комплексот клиники „Мајка Терза“, кој го објави Град Скопје, е завршена.

Според информациите од Град Скопје, на тендерот пристигнале понуди од две домашни компании.

– Во наредните денови, нашите служби ќе ја проверуваат целокупната обемна документација за да се провери исполнувањето на критериумите, а со тоа и релевантноста на понудите – соопштија градските власти.

Оттаму додаваат дека откако убаво ќе се проверат понудите, ќе се донесе одлука за избор на фирмата што ќе треба да ги почне активностите за проектирање и за изградба на монтажните катни паркинзи.

Доколку сè биде ако што треба, од Град Скопје велат дека би почнале активностите на почетокот од наредната година. 

Тендерот за проектирање, набавка и за поставување монтажни гаражи при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Град Скопје го објави на 18 септември годинава. Тендерската постапка предвидува склучување тригодишен договор, а во тој период изведувачот ќе треба да проектира, да набави и да постави две монтажни гаражи на вкупна површина од нешто над осум илјади квадратни метри.

Првата монтажна гаража ќе биде сместена на местото од постојниот паркинг помеѓу ГАК и Ургентниот хируршки центар, додека, пак, втората ќе биде поголема, на површина од речиси пет илјади квадратни метри и е предвидено да го зафати просторот помеѓу Ургентниот хируршки центар и Институтот за трансфузиологија. Двете нови монтажни гаражи ќе обезбедат повеќе од 500 паркинг-места во Клиничкиот центар.

Идејата за монтажни гаражи и за зголемување на капацитетот на паркингот на Клинички постои со години, но никогаш не се реализираше.

Првично, во февруари минатата година, тогашниот министер за здравство, Арбен Таравари, се пофали дека е пронајден концесионер што ќе управува и ќе го среди хаосот со паркингот на Клинички. Тоа беше албанската компанија „Ѓока констракшн“, која беше единствена што конкурираше на тендерот на Министерството и која доколку го потпишеше договорот за јавно-приватно партнерство, ќе го преземеше „стопанисувањето“ со паркиралиштата од ЈП „Градски паркинг“.

Тогаш нејзината обврска ќе беше изградба на две катни монтажни гаражи и стопанисување со целиот паркинг, а државата требаше да добива од ова партнерство само еден процент од вкупните годишни приходи што би ги остварила фирмата од наплатата на паркингот.

По жестоката реакција на јавноста за оваа информација, ексминистерот Таравари се „пишмани“ и соопшти дека „Ѓока констракшн“ нема да го добие договорот, така што тогаш пропадна тендерот и кратко потоа ексминистерот за здравство ја напушти владината коалиција.

По овој неуспешен и штетен договор, пред девет месеци, скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, како еден од првите проекти што ги најави беше токму решавањето на овој проблем. Тој тогаш соопшти дека ќе се средува хаосот на Клинички со монтажни гаражи, со кои ќе стопанисува и ќе наплаќа „Градски паркинг“, како и досега.

(А. П.)

 

ИЗДВОЕНИ