четврток, октомври 29, 2026
Дома СВЕТ Брутален руски напад со дронови: Погодено училиште во Харков/ВИДЕО

Брутален руски напад со дронови: Погодено училиште во Харков/ВИДЕО

0
Фото: screenshot X

Руските сили извршија напади со беспилотни летала врз Харков, при што погодија образовна установа. Градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, изјави дека на мета биле окрузите Холоднохирски и Салтивски, а на местото на нападот во округот Холоднохирски избувнал пожар, пренесува „Укринформ“.

Руските сили го нападнаа Харков и вчера, а при напад врз округот Основијански, најмалку пет лица се повредени, меѓу кои и едно четиригодишно дете. Вооружените сили на Украина извршија напади врз енергетската инфраструктура на таканаречената самопрогласена „Луганска Народна Република“ (ЛНР) – која се наоѓа во рамките на украинскиот регион Луганск – оставајќи повеќе од 150.000 домаќинства без електрична енергија.

„Поради зголеменото оптоварување на електроенергетската мрежа, можни се привремени прекини во снабдувањето со електрична енергија во неколку општини низ републиката“, изјави Леонид Пасечник, шефот на регионот поставен од Русија, пренесува новинската агенција „Интерфакс“.

Според него, украинскиот напад врз Луганск предизвикал оштетувања на станбени згради, пошта, државниот архив, паркинг, цивилна инфраструктура, како и на прозорците на едно училиште; сепак, нема жртви. Тој додаде дека над територијата на таканаречената ЛНР биле уништени повеќе од 40 воздушни цели.

ИЗДВОЕНИ