среда, октомври 28, 2026
Дома СКОПСКА Градоначалникот Георгиевски избран за член во највисокото раководно тело на АРЛЕМ

Градоначалникот Георгиевски избран за член во највисокото раководно тело на АРЛЕМ

1

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, е избран за член на Бирото на Евро-медитеранското регионално и локално собрание (АРЛЕМ), највисокото раководно тело на оваа меѓународна организација. Овој избор претставува значајно признание за Општина Илинден, но и за Република Македонија, придонесувајќи кон зајакнување на меѓународната соработка и институционалната застапеност на државата.

Од Општината информираат дека изборот бил потврден на 17. пленарна седница на АРЛЕМ, одржана во Тирана, Република Албанија, на која градоначалникот Георгиевски учествувал како претставник на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС).

-Бирото е највисокото раководно тело на АРЛЕМ, кој функционира во рамки на Европскиот комитет на регионите и претставува важна платформа за дијалог, соработка и размена на искуства меѓу локалните и регионалните власти.  Со изборот за член на Бирото, градоначалникот Георгиевски ќе има можност активно да придонесува во дефинирањето на стратешките приоритети, обликувањето на политиките и насочувањето на идните активности на АРЛЕМ, истовремено поттикнувајќи ја и продлабочувајќи ја соработката меѓу локалните и регионалните власти од Европа и Медитеранот – објаснуваат од локалната самоуправа.

Георгиевски ќе ја извршува оваа функција во период од две и пол години, почнувајќи од јули 2027 година.

-Неговиот избор претставува значаен чекор кон зајакнување на меѓународната позиција и препознатливост на Општина Илинден и Република Македонија, отворајќи можности за продлабочување на соработката со европските општини и региони, воспоставување нови партнерства и реализација на заеднички проекти од развојно значење – нагласуваат од локалната самоуправа.

ИЗДВОЕНИ