понеделник, јули 27, 2026
Дома МАГАЗИН Венеција заработи повеќе од пет милиони евра од наплата на еднодневни влезници

Венеција заработи повеќе од пет милиони евра од наплата на еднодневни влезници

19

Градот Венеција заработи повеќе од пет милиони евра од влезницата што им се наплаќа на еднодневните туристи во текот на овогодинешната туристичка сезона, објавија градските власти, наведувајќи дека првичните индикатори укажуваат на намалување на метежот во деновите на најголема посетеност.

Според податоците објавени од Градската администрација на Венеција, таканаречената градска влезница генерирала повеќе од пет милиони евра, додека повеќе од 650.000 платени влезници се издадени во текот на 60-те дена од кога е на сила таксата оваа година, објавува „Танјуг“.

Таксата се наплаќала за време на викендите и во одредени работни денови помеѓу 3 април и 26 јули.

Градските власти изјавија дека прелиминарната анализа ги покажува првите знаци на намалување на метежот во деновите на најголема посетеност во споредба со претходните години, но нагласија дека овој заклучок ќе биде детално анализиран во конечниот извештај за спроведувањето на проектот.

Венеција воведе данок за еднодневни посетители во 2024 година како една од првите мерки во светот за борба против прекумерниот туризам во историскиот центар на градот.

Системот бара од посетителите кои не престојуваат преку ноќ да резервираат однапред и да платат такса за време на врвните туристички периоди.

ИЗДВОЕНИ