Полициски службеник кој не бил на должност уапси маж кој нападна и повреди три жени со кујнски ножеви во Париз, објавија француските медиуми, повикувајќи се на полициски извори.
Нападот се случил во понеделник околу 11:30 часот во близина на метро станицата Клиши, во северниот дел од француската престолнина. Осомничениот, вооружен со два ножа, нападнал минувачи, а три жени на возраст од 19, 24 и 36 години се однесени во болница.
Според француските медиуми, нивните животи не се во опасност, иако две жени се здобиле со сериозни повреди. Едната е повредена во долниот дел на грбот, а другата во стомакот.
Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез потврди дека напаѓачот бил приведен од полицаец кој не бил на должност во тој момент.
„Сторителот бил уапсен од полицаец кој не бил на должност“, рече Нуњез.
Тој изјави дека сторителот дал „нехохерентни изјави“ при апсењето.
Нуњез изјави дека идентитетот на осомничениот сè уште не е потврден и дека случајот го води канцеларијата на јавниот обвинител во Париз, објави телевизијата BFM.
Според весникот „Фигаро“, полицаецот бил првиот што забележал маж како напаѓа луѓе на улицата со два ножа. Тој повикал помош и со помош на полициска патрола успеал да го совлада и уапси осомничениот.
Сведокот Кеира Делабед (54), која работела во блискиот бар, опиша моменти на паника.
„Видовме маж како поминува со два ножа и прободува три лица. Потоа еден млад човек со мал куфер го удри со торба и го собори на земја“, рече таа.
Според извор близок до истрагата, уапсениот маж се вклопува во профилот на лице со проблеми со менталното здравје.
#BREAKING: 3 women injured after a knifeman went on a stabbing spree near Porte de Clichy in Paris, France. https://t.co/DOWnW4tYpd
— Global OSINT (@GlobalOSINTHQ) July 27, 2026












