Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар, одигра нерешено против Мелсунген – 26:26 (14:12) за достојно простување од Лигата на шампионите. Сезоната на кам-бекот во елитата понуди четири порази за старт и потоа победа и реми за крај на групната фаза. Овој резултат на крајот му одговараше и на Мелсунген кој се протна во плеј-офот.
Матео Фадуил беше најдобар стрелец со седум гола, додека четири даде Воркапиќ, а по три имаа Митровиќ, Педро и Јанковски. Милош Валах го заврши мечот со четиринаесет одбрани.
Со овој резултат Висла Плок со осум и Мелсунген со седум бода продолжуваат во плеј-офот, додека Нант со шест и Вардар со три бода се селат во Европската лига на ЕХФ.












