Американските федерални резерви (Фед) денеска одлучија да ја задржат референтната каматна стапка во опсег од 3,75 до 4,00 отсто, со образложение дека се потребни дополнителни податоци за движењето на инфлацијата пред да се донесат понатамошни одлуки во однос на монетарната политика.
Одлуката е донесена со 10 гласа „за“ и два „против“, пренесе „Ројтерс“.
Членот на Одборот на гувернери на Фед, Лиза Кук, и претседателката на Банката на федерални резерви во Кливленд, Бет Хамак, се залагаа за зголемување на каматната стапка за 0,25 отсто, пренесува „Танјуг“.












