среда, октомври 28, 2026
Дома СПОРТ ОСТАНАТИ СПОРТОВИ Ѓоковиќ го совлада Амбер на воведниот натпревар на турнирот во Базел

Ѓоковиќ го совлада Амбер на воведниот натпревар на турнирот во Базел

26
Фото: EPA/ANDRES MARTINEZ CASARES

Ѓоковиќ, 12-тиот тенисер во светот, го совлада 38-миот играч на АТП-листата по два часа и 29 минути игра.

Амбер го направи единствениот брејк во првиот сет во третиот гем и ја задржа предноста.

Ѓоковиќ ја подобри играта во вториот сет, одземајќи му го сервисот на противникот уште во вториот гем – што беше доволно за израмнување на резултатот на 1:1 во сетови.

Во одлучувачкиот сет, српскиот тенисер направи клучен брејк во петтиот гем.

Ѓоковиќ, кој е четврти носител на турнирот во Швајцарија, во следното коло ќе се соочи со Германецот Јан-Ленард Штруф, 47-миот тенисер во светот, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ