среда, октомври 28, 2026
Дома СВЕТ Ердоган разговараше со Трамп по телефон – познатa главнaта тема во фокусот

Ердоган разговараше со Трамп по телефон – познатa главнaта тема во фокусот

17
Фото: википедија/ Picture by Rory Arnold/No10

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган разговараше по телефон со американскиот претседател Доналд Трамп за турско-американските билатерални односи, како и за регионалните и глобалните случувања, соопшти денеска кабинетот на Ердоган.

За време на разговорот, Ердоган изјави дека ќе продолжи да работи на развојот на односите меѓу Турција и Соединетите Држави – кои следната година ќе ја одбележат својата 100-годишнина – како и на интензивирање на соработката во сите области, пренесува агенцијата Анадолија.

Ердоган истакна дека, како член на Заедничкиот одбранбен сојуз од Мека, внимателно ги следи случувањата во Ормускиот теснец и во Јемен, и се залага за решавање на прашањата преку дипломатски канали, пренесе „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ