Лука Дончиќ блеска во дресот на Лос Анџелес лејкерс, а на дуелот против Јута постигна неверојатни 52 поени. Сепак, и покрај неговите фантастични настапи, Дрејмонд Грин смета за него дека тешко ќе стигне до најголемото индивидуално признание во НБА-лигата.

Четирикратниот шампион со Голден стејт верува дека не е проблемот во квалитетот на Дончиќ, туку во начинот на кој го доживуваат гласачите. Според него, тој ќе мора да ги убеди дека заслужува да биде пред имињата како Шеј Гилџес-Александер, Никола Јокиќ и Виктор Вембањама.

  • Морате да се прашате дали има тој мисија да стане МВП. Ова е негова прва сезона без Леброн, во која тимот навистина е негов. Сепак, морам да ви кажам: нема шанси тој да ја освои таа награда – изјави Грин.

Тој смета дека неколку послаби натпревари или евентуална повреда би можеле повторно да ги отворат старите сомнежи кај гласачите, иако Дончиќ со години игра на врвно ниво.

  • Не поради играта – тој е брилијантен, туку едноставно затоа што луѓето се заситуваат и сакаат да видат некој друг – објасни кошаркарот на Голден стејт.

ИЗДВОЕНИ