недела, август 16, 2026
Дома СКОПСКА Учениците од Карпош ќе се едуцираат во Природонаучниот музеј

Учениците од Карпош ќе се едуцираат во Природонаучниот музеј

8

Општина Карпош воспоставува нова форма на соработка со Природонаучниот музеј, со цел унапредување на образовниот процес и овозможување повеќе практична и интерактивна настава за учениците од основните училишта на територијата на Општината. Во таа насока, градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и директорот на установата, Ивица Заркадов, потпишаа договор за соработка со кој се предвидуваат континуирани едукативни активности во Природонаучниот музеј.

Согласно со договорот, учениците од основните училишта во Карпош, во текот на учебната 2026/2027 година, ќе имаат можност за неограничен број посети на Музејот, со обезбедени групни влезници. Дополнително, за учениците ќе се организираат тематски работилници, предавања, презентации и практична настава, реализирани од стручни лица и експерти од областа на природните науки.

-Целта на оваа соработка е да се поттикне интересот кај учениците за природните науки и за природното наследство, но и да се изучуваат наставните содржини на поинтересен, подинамичен и практичен начин. Со оваа иницијатива, Општина Карпош продолжува да вложува во современото образование и во создавањето нови можности за учење и развој на најмладите – соопштија од локалната самоуправа.

ИЗДВОЕНИ