Со оглед на тоа што Народната банка се јавува како продавач на акциите на Алта банка Битола, весникот ВЕЧЕР праша во централната банка дали ќе се одржи аукцијата доколку има само едно пријавено лице.
– Јавна берзанска аукција се спроведува согласно со правилата на Македонската берза, со кои се уредени начинот на спроведување на аукциите и условите за учество на заинтересираните страни – кратко ни одговорија од Народната банка.
А, што кажуваат правилата за тргување што ги пропишува Македонската берза АД Скопје? Оттаму велат дека правилата за тргување се правен акт на Македонската берза, истите се одобрени од Комисијата за надзор на капиталот и ова прашање е регулирано во анекс 2 од тие правила за тргување.
Според овој анекс, во точката 3.5 е наведено дека „јавната берзанска аукција ќе се смета за успешна доколку на истата од куповна страна се јават најмалку двајца заинтересирани домашни и странски правни и физички лица, согласно со законските прописи на Република Северна Македонија. Во случаите кога Народната банка на Република Северна Македонија, друг овластен државен орган или регулаторен орган (тело) се јавува како продавач, јавната берзанска аукција ќе се смета за успешна ако на неа како купувач се јавува најмалку едно лице што добило претходна согласност од Народната банка на Република Северна Македонија, друг овластен државен орган или регулаторен орган (тело) во согласност со закон“.
(С. Бл.)












