Ученикот Томи Јакимовски од ООУ „Лазо Ангеловски“, под менторство на наставникот Бошко Кентер, го освои првото место на државното првенство во тенис, во рамките на спортските игри за млади „Плазма“.
Во финалето, со победа од 2:0 во сетови, тој го потврди својот квалитет и заслужено го освои шампионскиот трофеј, обезбедувајќи пласман на меѓународниот турнир во Хрватска.
Денеска, Томи и неговиот ментор заминуваат за Сплит, каде што ќе имаат можност да ги претстават ООУ „Лазо Ангеловски“ и Општина Аеродром.
Од Општината му посакаа на Томи многу среќа, успешен настап и уште многу победи со кои, како што велат, сите ќе се гордееме.












