петок, ноември 20, 2026
Дома СКОПСКА Средните училишта со нови машини за подно чистење

Средните училишта со нови машини за подно чистење

1

Во средното училиште „Здравко Цветковски“ денеска беа презентирани новите машини за подно чистење на училниците и ходниците во сите скопски средни училишта.

– Секое утро нашите средношколци заслужуваат да влезат во чисто и уредно училиште. Затоа набавивме машини за подно чистење за градските средни училишта. Со нив, вработените што секојдневно се грижат за хигиената, ќе може побрзо и потемелно да ги исчистат и долгите ходници и училниците. Како градоначалник, моја одговорност е да им обезбедам на вработените подобри услови за работа, а на учениците да им отворам нови можности – изјави Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека во изминатава година, во средните училишта на Град Скопје биле обновени спортските терени, а училниците биле опремени со нов мебел, компјутери, лаптопи и со интерактивни табли. Исто така, најави дека за оваа зима е предвиден и ски-викенд за средношколците.

 

ИЗДВОЕНИ