Полициски службеник од Ресен бил лишен од слобода откако бил пријавен дека физички нападнал 36-годишна жена од Прилеп, со која бил во љубовна врска, како и нејзиниот малолетен син.
Како што соопшти МВР, 35-годишниот полицаец бил уапсен денеска, 3 август, околу 4 часот во Стар Дојран, од страна на полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија.
Според пријавата, нападите се случиле на 1 и 2 август во Стар Дојран.
За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. По завршувањето на постапката, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.
За настанот е известен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР.












