петок, септември 18, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Трка низ атрактивни планински предели  

Трка низ атрактивни планински предели  

1

Во Галичник, в недела, ќе се одржи второто издание на „Галичник треил ран“, во организација на здружението „Патеки на Мијачијата“.

И годинава, трката нуди две патеки, наменети за различни нивоа на подготвеност. Медена треил – предизвик од 20 километри и 1.200 метри висинска разлика, како и Говедарник треил – пократка, но динамична траса од 8 километри со 600 метри висинска разлика. Двете патеки минуваат низ атрактивните планински предели околу Галичник, овозможувајќи им на учесниците, покрај спортскиот предизвик, да уживаат и во природата и пејзажите на мијачкиот крај.

– Интересот за трката продолжува да расте. По првото издание во 2025 година, на кое учествуваа 183 тркачи, годинава се пријавени 220 учесници, што е уште една потврда дека планинското трчање и активниот туризам добиваат сè поголем интерес кај домашните и кај странските љубители на планината – велат организаторите.

Според нив, „’Галичник треил ран’ е замислен како спој на спортот, природата и богатото културно наследство на мијачкиот крај.

– Со својата локација, планинските предели и традицијата на Галичник, трката има амбиција да придонесе кон промоцијата на регионот како дестинација за активен туризам и планински спортови, додаваат од здружението.

Настанот е поддржан од Општина Маврово и Ростуше, Националниот парк Маврово, МЦМС, како и повеќе општествено одговорни компании.

 

ИЗДВОЕНИ