понеделник, ноември 2, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Засилени контроли против бесправниот риболов

Засилени контроли против бесправниот риболов

57

Управата на Националниот парк „Маврово“ врши засилени контроли против бесправниот риболов. Оттаму соопштија дека при редовна контрола на Мавровското Езеро, овластени лица од Националниот парк „Маврово“ пронашле и отстраниле незаконски поставени риболовни мрежи.

– За случајот е известена полициската станица во Маврови Анови. Во координација со надлежните институции се преземаат мерки за утврдување на околностите и одговорноста – наведуваат од НП „Маврово“.

Притоа додаваат дека контролите на езерото ќе продолжат, а целта е заштита на рибниот фонд и спречување на незаконското користење на природните ресурси.

Од Националниот парк „Маврово“ ги повикуваат граѓаните, риболовците, посетителите и љубителите на природата да пријават незаконски риболов, поставување мрежи или други активности што ја загрозуваат природата. Пријавите може да се достават до надлежните служби.

– Навременото известување може да спречи поголема штета и да придонесе за зачувување на Мавровското Езеро. Сите утврдени прекршувања ќе бидат документирани и пријавени, а сторителите ќе одговараат согласно со закон. Заштитата на езерото е заедничка одговорност на институциите и на граѓаните  – тврдат од НП „Маврово“.

 

 

 

 

 

 

 

 

ИЗДВОЕНИ