петок, септември 18, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Жителите на Бистрица ќе добијат спортска сала со приземје и галерија

Жителите на Бистрица ќе добијат спортска сала со приземје и галерија

20

Жителите на Бистрица ќе добијат објект за спортски, но и културни активности. Во тек е изградбата на мултифункционалната спортска сала во Бистрица, објект кој со децении е нефункционален.

Новата спортска сала е со површина од 386 квадратни метри и има приземје и галерија. Приземјето ќе биде поделено на две функционални целини, односно мултифункционален простор за спортски активности и помошни простории. Галеријата, ќе ја задржи својата намена, како гледалиште за културни манифестации.

Според градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, на овој начин се создаваат нови можности за младите, но и за повторно заживување на околните населени места.

Овој проект е во вредност од 37.599.966 денари.

 

 

ИЗДВОЕНИ