Косовското собрание не избра претседателна државата поради недостаток на кворум, а претседателката на парламентот Албулена Хаџиу на полноќ, на крајот од седницата, изјави дека, врз основа на одлуката на Уставниот суд, ова е крај на процесот на избор на претседател и на овој состав на парламентот, и дека изборите ќе бидат закажани во уставниот рок.
Мандатот на претседателката Вјоса Османи истече на почетокот на април, а премиерот Албин Курти не успеа да обезбеди поддршка од опозициските партии за својот кандидат.
За изборот да биде валиден, потребно е присуство на две третини од пратениците во 120-члениот парламент. Неизборот на нов претседател води кон распишување предвремени парламентарни избори.
„Врз основа на одлуката на Уставниот суд, Парламентот се смета за распуштен“, изјави синоќа на полноќ претседателката на Собранието и вршителка на должноста претседател Албулена Хаџиу.
Се очекува таа наскоро да го соопшти датумот на изборите. Тоа ќе бидат трети избори за нешто повеќе од една година.












