Албанскиот премиер Еди Рама денеска повторно ги повика демонстрантите во земјата на дијалог; во меѓувреме, на 18-тиот ден од протестите, демонстрантите остануваат цврсти во барањето тој да поднесе оставка, пренесува „Еуроњуз Албанија“ (Euronews Albania).
На социјалните мрежи, Рама објави фотографии од столици поставени пред зградата на Владата – како покана до студентите за разговор – притоа исклучувајќи ја можноста за негова оставка.
За време на денешната пленарна седница на парламентот дојде до нарушувања, откако опозициските пратеници ја блокираа говорницата, запалија факели и користеа свирчиња за да ја попречат работата, што доведе до два прекини на седницата.
Утрово, Рама повторно го упати повикот за дијалог со студентите – понуда што тие досега ја одбиваа.
Во изминатите денови, студентските протести беа проследени со судири со полицијата, зголемени тензии, апсења и повреди меѓу учесниците.
На протестите им се приклучија и универзитетски професори, кои најавија бојкот на наставата на своите факултети, пренесе „Танјуг“.












