Тимот на Мајами Долфинс го отпушти квотербекот Ту Таговаилоа, како што објави генералниот менаџер на тимот, Џон Ерик Саливан. Квотербекот ќе добие над 54.000.000 долари за предвремениот отказ.

Таговаилоа, кој беше избран како петти избор на НФЛ-драфтот во 2020 година, потпиша четиригодишен договор вреден 212.400.000 долари во 2024 година и одигра само една сезона. Иако нема да му биде исплатен целиот договор, Долфинс ќе исплати 100.000.000 долари на Таговаилоа за наредните сезони.

  • Како што реков, имаме големо почитување кон него како личност и спортист. Во име на Мајами Долфинс, му се заблагодарувам за неговиот придонес на теренот и надвор од него за време на неговите шест сезони во Мајами, рече генералниот менаџер.

Туа Таговаилоа имаше рекорд од 44 победи и 32 порази во шест сезони, фрли 18.166 јарди, имаше 120 тачдауни, беше најдобар додавач во 2022 и 2023 година, но неговото здравје беше проблем. Имаше повеќекратни потреси на мозокот и неколку пати му беше советувано да ја заврши кариерата. Овој голем спортист од Хаваи постојано ја загрижуваше целата нација, а јавноста генерално веруваше дека треба да се откаже од НФЛ.

  • Сакам да им кажам на навивачите дека вашата поддршка ми значеше сè. Ме кренавте во најголемите моменти и останавте со мене во најтешките. Од првиот натпревар и првиот тачдаун што го фрлив, бев благодарен за сè. Моето семејство и јас не чувствувавме ништо друго освен љубов и поддршка. Исто така, многу ми е жал што не ја завршив работата и не ја донесов титулата во овој град. Мајами го заслужува тоа и се надевав дека јас ќе ви ја донесам, напиша тој.

 

ИЗДВОЕНИ