Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека договор со Иран ќе биде постигнат само кога, како што рече, ќе биде „прикладен и добар“ за Соединетите Американски Држави.
Трамп на својата социјална мрежа Truth Social изјави дека „времето истекува“ за Иран, тврдејќи дека има „цело време на светот“.
Трамп ги критикуваше коментарите во некои американски медиуми дека сака да стави крај на војната со Иран.
„Имајте на ум дека јас сум веројатно најмалку притисната личност досега на оваа позиција“, рече Трамп.
Тој повтори дека иранската морнарица лежи на дното на морето, дека иранските воздухопловни сили се уништени, како и противвоздушното и радарското оружје.
САД имаат целосна контрола врз Ормутскиот теснец, Иран не знае кој е нивниот лидер
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека Соединетите Американски Држави имаат „целосна контрола“ врз Ормутскиот теснец и ќе останат така сè додека не се постигне договор со Иран.
„Имаме целосна контрола врз Ормутскиот теснец. Ниту еден брод не може да влезе или излезе без одобрение од американската морнарица. Тој е „запечатен“ цврсто сè додека Иран не може да склучи договор“, напиша Трамп на својата мрежа Truth Social.
Тој, исто така, изнесе тврдења за она што го нарече внатрешни политички поделби во Иран, истакнувајќи дека Иранците не знаат кој е нивниот лидер.
„Многу е тешко за Иран да разбере кој е нивниот лидер! Тие едноставно не знаат! Внатрешната борба меѓу „тврдокорните“, кои тешко губат на бојното поле, и „умерените“, кои воопшто не се многу умерени (но добиваат почит!), е луда!“, рече Трамп.












