Неофицијално ,извршени се претреси на повеќе локации во Скопје, Струмица и Битола, при што се лишени од слобода повеќе лица. Меѓу приведените има лекари вработени на скопските клиники, како и сопственици на приватни дерматолошки ординации.
Акцијата, ја реализираат Одделот за организиран криминал при Бирото за јавна безбедност и Обвинителството за организиран криминал, под сомнежи за нелегални медицински третмани и дистрибуција на нерегистрирани препарати.
Неофицијално, истрагата укажува дека групата била вмешана во нелегален увоз и продажба на фалсификувани ботокси, филери и други медицински препарати, кои во земјава се внесувале преку нелегални канали од повеќе држави.
Од институциите најавуваат дека истрагата продолжува, а се очекуваат нови детали во текот на утрешниот ден.












