понеделник, јуни 8, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА БЈБ со голема акција на повеќе локации низ државава поради сомнеж за...

БЈБ со голема акција на повеќе локации низ државава поради сомнеж за нелегални медицински третмани и употреба на нерегистрирани препарати

273

Полицијата, поточно Одделот за организиран криминал при Бирото за јавна безбедност, денеска спроведе акција поврзана со истрага за нелегални медицински третмани и употреба на нерегистрирани препарати.

Според првичните информации, акцијата се реализирала на повеќе локации низ државата, а била насочена кон разбивање на мрежи кои, според неофицијални сознанија, вршеле незаконски третмани и дистрибуирале сомнителни медицински производи без соодветни дозволи.

Истражните органи проверуваат дали станува збор за организирана шема во која биле вклучени повеќе лица, како и дали со ваквите активности било загрозено здравјето на граѓаните.

Од Министерството за внатрешни работи засега нема официјални детали за бројот на опфатени лица, евентуални приведувања или запленета документација и препарати.

Се очекува во текот на денот институциите да излезат со повеќе информации за резултатите од акцијата.

ИЗДВОЕНИ