сабота, септември 12, 2026
Дома БАЛКАН Телата на уште тројца планинари од БиХ пронајдени на Елбрус

Телата на уште тројца планинари од БиХ пронајдени на Елбрус

2523

На планината Елбрус на Кавказ денес беа пронајдени телата на уште тројца планинари од Босна и Херцеговина, дел од седумчлена група која побарала помош додека се спуштала од планината, соопшти денес Истражниот комитет на Руската Федерација.

„Телата на уште три жртви се пронајдени и нивната локација е позната, но тие сè уште не се евакуирани поради лошо време“, изјави извор за РИА Новости.

Група од седум граѓани на Босна и Херцеговина самостојно се искачувала на Елбрус, без помош на професионален водич, а синоќа се обратиле на спасувачите за помош откако не можеле да го продолжат спуштањето од висина од 5.100 метри.

ИЗДВОЕНИ