четврток, јуни 4, 2026
Дома КУЛТУРА „Тела за еднократна употреба“ – видеоинсталација на словенечката уметница Лара Рајхман

„Тела за еднократна употреба“ – видеоинсталација на словенечката уметница Лара Рајхман

27

На 5 март, со почеток во 19:00 часот, во студиото „Приватен принт“ во Скопје, е закажано отворањето на видеоинсталацијата „Тела за еднократна употреба“ на словенечката уметница Лара Рајхман. Поставката ќе биде проследена со уметнички разговор меѓу Лара Рајхман и Тиа Чичек, кураторка и истражувачка од Љубљана, кој ќе се одржи на 6 март, со почеток во 19:00 часот.

„Тела за еднократна употреба“ ги преплетува историските факти и фикцијата, црпејќи од приказната за жените вработени во опсерваторијата „Харвард“ кон крајот на 19 век, кои документирале и мапирале ѕвезди на ноќното небо. Видеоинсталацијата користи метафора и поетски наратив за да го постави прашањето кој останува запаметен и како стануваат телата алатки во системите базирани на податоци.

Лара Рајхман (1995) е визуелна уметница од Љубљана, Словенија, која работи во областа на видеото, анимацијата и на дигиталната графика. Комбинирајќи историски фрагменти со фиктивни наративи, таа (пре)обмислува приказни за заборавени, избришани или недостижни места, како и фигури што постојат на маргините на запишаната историја.

Изложбата ќе може да се види до 26 март.

ИЗДВОЕНИ