Грчкиот тренер Димитрис Итудис, кој моментално го води израелски Хапоел Тел Авив, се пожали за тешката ситуација на Блискиот Исток и нагласи дека ситуацијата воопшто не е наивна, поради новите воени конфликти во регионот. Како што е познато, Израел и САД го нападнаа Иран, кој одговори на ист начин. Сето ова ја промени ситуацијата на Блискиот Исток прекуноќ.

  • Во моментов не гледам можност да се игра кошарка во Израел во догледна иднина – рече Димитрис Итудис.

Неговиот тим повторно ќе ги игра натпреварите од Евролигата во Бугарија, иако многумина очекуваа да бидат суспендирани.

  • Успеавме да го напуштиме Тел Авив благодарение на големиот напор на нашето раководство. Можевме да излеземе и да продолжиме да играме кошарка во нашиот микрокосмос – додаде Гркот.

Итудис живее во Тел Авив две години и нагласува дека е ужасна ситуацијата во тој град. Вели, имало смртни случаи недалеку од неговиот дом.

  • Мојот стан е во центарот на градот, а грчката Амбасада е во близина. Во еден момент, на 700 метри од мојот дом, се слушна силна експлозија, која, за жал, уби жена. Бучавата беше неверојатна, никој не треба да го доживее тоа. Морав да одам во хотел. Се надевам дека луѓето ќе седнат на маса да разговараат за да може да се врати мирот во овој регион – изјави Итудис за грчките медиуми.

Инаку, оваа недела, Хапоел Тел Авив требаше да му биде домаќин на Париз во Евролигата и беше одлучено да се откаже натпреварот додека да се создадат услови за негово одигрување.

Овој тим веќе има натпревар помалку, што сериозно ја нарушува регуларноста на натпреварувањето.

Инаку, како што пишувавме многупати досега, раководството на Евролигата не планира да ги исклучи израелските клубови од Евролигата, како што стори со руските, иако нивната држава е во војна.

 

ИЗДВОЕНИ