Големата награда на Австралија во Мото ГП шампионатот беше откажана поради лошите временски услови. Како причина, организаторите ја наведоа слабата видливост за медицинскиот хеликоптер, кој би бил неопходен во случај на несреќа на патеката.
Годинашната трка на патеката „Филип Ајланд“ беше последен настан од Мото ГП што се одржа таму, бидејќи од следната сезона австралиската етапа се сели во Аделаида.
An emotional last lap around Phillip Island had one Thriller rule: Have one wheel in the air (doesn’t matter which) 🥹🫶
#AustralianGP 🇦🇺 https://t.co/7EMOt9m67x
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) October 25, 2026
Следната трка во годинашниот шампионат, Големата награда на Малезија, е закажана за 1 ноември. Марк Маркес води во генералниот пласман со 365 бода, а зад него се Хорхе Мартин со 355 и Марко Бецеки со 315 бода.











