Андреа Кими Антонели триумфираше на трката за Големата награда на САД во Остин, но ќе мора да почека уште најмалку една трка за да ја потврди шампионската титула во Формула 1.

Младиот Италијанец беше фантастичен на патеката, но резултатите на неговите ривали не му овозможија предвреме да го прослави најголемиот успех во кариерата. Луис Хамилтон заврши на четвртото место, а Џорџ Расел беше осми, па Антонели остана без математичка потврда на титулата за само малку.

За да стане шампион уште во Остин, на Антонели му беше потребно Хамилтон да заврши петти, а Расел деветти. Сепак, Италијанецот и понатаму е на одличен пат да ја освои круната и да испише историја како најмлад шампион во Формула 1.

На подиумот во Остин му се придружија Шарл Леклер, кој заврши втор, и Макс Верстапен на третото место. Зад Хамилтон се пласираа Ландо Норис, Исак Хаџар и Оскар Пјастри, додека Пјер Гасли ја освои последната позиција што носи бодови.

До крајот на сезоната остануваат уште пет трки – во Мексико Сити, Сао Пауло, Лас Вегас, Катар и Абу Даби.

ИЗДВОЕНИ