Според британската служба за поморски трговски операции (UKMTO), доцна синоќа танкер бил погоден од повеќе ракети северно од Катар.
Од UKMTO соопштија дека добиле извештај за инцидент на околу 51 наутичка милја (94 километри) северно од Мадинат аш Шамал, Катар.
„Пријавено е дека танкерот бил погоден од повеќе ракети. Пријавени се и повеќе повредени лица“, наведоа тие.
Властите го истражуваат инцидентот, а засега не е познато кој стои зад него, додадоа од UKMTO.












