понеделник, август 3, 2026
Дома СКОПСКА Според првичните резултати, сè е во границите на дозволеното – конечните анализи...

Според првичните резултати, сè е во границите на дозволеното – конечните анализи се очекуваат утре

27

Конечните резултати по појавувањето бела отпадна пена на 24 јули во реката Вардар, кај вливот во реката Лепенец, ќе бидат познати утре, за што јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана. По барање на Државниот инспекторат за животна средина, земени се мостри и од акредитирана лабораторија, чиј финализиран извештај ќе биде доставен до Инспекторатот и до Министерството за животна средина и просторно.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека ДИЖС и понатаму ќе дејствува бескомпромисно преку редовни и вонредни контроли, со цел да се обезбеди целосна заштита на животната средина и на здравјето на граѓаните.

Оттаму додаваат дека во врска со регистрираната појава на бела отпадна пена во реката Вардар кај вливот на реката Лепенец, ДИЖС, во координација со сите надлежни институции, веднаш презел серија вонредни теренски и лабораториски активности.

Притоа, посочуваат дека инспекторите на ДИЖС спровеле вонредни инспекциски контроли кај индустриските субјекти во зоната што се под државна надлежност.

– При контролите не беа евидентирани законски нерегуларности, односно субјектите постапувале согласно со пропишаните услови во еколошките дозволи за управување со отпадни води. Важно е да се спомене дека квалитетот на водите во овој појас е под влијание на повеќе различни фактори, вклучувајќи ги комуналните и атмосферските води, како и активноста на бројните деловни субјекти во околината, поради што сите надлежни органи дејствуваат координирано – објаснуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Додаваат дека со цел прецизно утврдување на состојбата, ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје зело мостри од водата на спорната локација и го доставило до Министерството за животна средина и просторно планирање прелиминарниот извештај од 29 јули, според кој анализираните физичко-хемиски параметри на примерокот не ги надминуваат граничните вредности за испуштање во површински води.

 

ИЗДВОЕНИ