понеделник, август 3, 2026
Дома СКОПСКА Повторно му се враќа сјајот на Градскиот парк

Повторно му се враќа сјајот на Градскиот парк

19

Екипите на јавните претпријатија на Град Скопје интензивно работат во вториот дел од Градскиот парк, каде што се отстрануваат последиците од неодамнешното невреме, се санираат штетите, се отстрануваат старите и оштетени дрвја и се садат нови садници.

Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, нагласи дека невремето оставило сериозни последици во целиот град, а еден од најпогодените простори бил токму Градскиот парк.

– Беа соборени повеќе од 100 дрвја, беа затрупани пешачките патеки и ѝ беше нанесена значителна штета на урбаната опрема. Благодарение на брзата реакција и посветената работа на екипите на јавните претпријатија на Град Скопје, првиот дел од паркот е расчистен. Насадени се нови садници, санирана е оштетената урбана опрема и просторот повторно е достапен за посетителите – истакна Ѓорѓиевски.

Тој наведе дека не може да се спречат природните непогоди, но може да се покаже дека со заедништво, организираност и со посветена работа брзо и одговорно ќе се надминат последиците.

– Продолжуваме со работа сè додека не биде обновен и последниот оштетен дел од паркот – дециден е Ѓорѓиевски.

 

ИЗДВОЕНИ