– Оваа изложба, на едно место, носи редок спој на нашето богато минато и денешниот уметнички израз. Преку оваа поставка отвораме тивок дијалог меѓу старите икони на Крсте Зограф од 19 век и суштинските духовни трагања на Димитар Кондовски, Глигор Чемерски, Владимир Георгиевски, Никола Пијаманов, Горјан Георгиев, Трајче Чатмов и мое лично истражување. Нашата задача како музеј, во годината кога установата одбележува осум децении постоење и музејска дејност, е да ги чуваме овие вредности, но и да покажеме како традицијата продолжува да живее и да инспирира низ времето, вели м-р Ангел Коруновски, директор на Народен музеј Велес, каде од вчеравечер е отворена изложбата „Дијалог со светото“
Дијалогот меѓу иконописната традиција и современиот уметнички израз е во фокусот на уникатната изложба „Дијалог со светото“, која од вчеравечер е отворена во Народниот музеј во Велес. Преку визуелен, историски и духовен разговор, поставката ги поврзува делата на велешкиот иконописец Крсте Зограф со творештвото на седуммина реномирани македонски современи автори од различни генерации. Историската и духовна појдовна точка на оваа поставка, која предизвикува огромен интерес кај јавноста, се токму осумте икони на Крсте Зограф, меѓу кои и „Архангел Михаил ја мачи душата на богатиот“, насликана во 1817 година. Сместена во параклисот „Св. Ѓорѓија“ во Велес, оваа икона е најстарата од изложените дела и особено вреден примерок од македонското иконописно наследство од 19 век. Преку нивното поставување во заеднички изложбен простор, делата отвораат дијалог меѓу различни времиња, ликовни јазици и духовни искуства, овозможувајќи ѝ на публиката несекојдневна средба – со традицијата и современоста.

– Оваа изложба носи редок спој на нашето богато минато и денешниот уметнички израз на едно место. Преку оваа поставка отвораме тивок дијалог меѓу старите икони на Крсте Зограф и суштинските духовни трагања на Димитар Кондовски, Глигор Чемерски, Владимир Георгиевски, Никола Пијаманов, Горјан Георгиев, Трајче Чатмов и мое лично истражување. Нашата задача како музеј, во годината кога установата одбележува осум децении постоење и музејска дејност, е да ги чуваме овие вредности, но и да покажеме како традицијата продолжува да живее и да нè инспирира низ времето, вели м-р Ангел Коруновски, директор на Народен музеј Велес.
Според Јасминка Намичева, кустос-советник, која заедно со кустос Александра Гиовска е една од авторките на изложбата, „Дијалог со светото“ го отвора прашањето за односот меѓу иконографскиот канон и слободата на уметничкиот израз.
– Во средиштето на оваа средба е можноста наследениот образец да стане простор за лично духовно и творечко искуство. Поставката го следи тој однос преку непосредна кореспонденција на ликови, композиции и симболи, чии значења се обновуваат во различни историски и уметнички околности.
Зографската индивидуалност се остварува низ чувствителното толкување на образецот, во согласност со богослужбената и духовната функција на иконата. Во делата на современите македонски сликари, византиското и поствизантиското културно наследство во Македонија станува подлога за поинакви авторски истражувања. Распјатието, Архангелскиот собор, светителскиот портрет и борбата со аждерот се преобразуваат низ современиот сликарски јазик. Препознатливите иконографски елементи се задржуваат, се сведуваат или се преобликуваат, отворајќи простор за размислување за страдањето, жртвата, злото, надежта и преобразбата… вели, меѓу другото, Намичева.

Александра Гиовска, кустос, пак, посочува дека изложбата „Дијалог со Светото“
е замислена како разговор меѓу две епохи кои, иако различни во изразот, се длабоко поврзани преку истата тема.
– Публиката може да ги види претставите на Исус Христос и Богородица Милостива, моќната претстава на Свети Ѓорѓи како ја убива ламјата, драматичниот приказ на архангел Михаил, кој ја зема душата на богатиот, во таканаречена црковно-канонизирана иконографија. Стилскиот дијалог во оваа поставка се заснова на силен визуелен и колористички контраст. Додека Крсте Зограф користи стабилна, канонска композиција со доминација на златни охри, рамномерна светлина и прецизна линеарност која повикува на спокој и безвременост, современите автори го одразуваат немирот на денешниот човек. Кај нив, сакралната тема се трансформира низ драматични стилски ракописи: од строгата геометризација и византиска синтеза на Димитар Кондовски, преку експресивниот, густ и речиси релјефен нанос на боја кај Владимир Георгиевски, Глигор Чемерски, Трајче Чатмов и Ангел Коруновски, па сè до интензивниот колорит, придушениот мистицизам и драматичните силуети кај Никола Пијанманов и Горјан Горгиев…, посочува Гиовска. Таа додава дека изложба не е направена само за ја да покаже разликата помеѓу старото дрво и новото платно, туку сведочи дека потрагата по внатрешното духовно како иманентна антрополошка категорија не престанува, туку само го менува својот облик.

Инаку, Крсте Зограф (роден во Велес при крајот на 18 век) е еден од најважните македонски преродбенски иконописци и основоположник на голема велешка
зографска тајфа. Денес, неговиот препознатлив ракопис живее низ храмовите во Велес и целиот Повардарски Регион, каде што иконите опстојуваат речиси двесте години. Крсте Зограф успева во византискиот канон да внесе сопствен, карактеристичен личен печат, кој најсилно се забележува во специфичниот, благ израз на лицата кај светителите. Под влијание на светогорските мајстори, создава атмосфера на длабока смиреност, духовен спокој и карактеристичен колорит.
Влезот е слободен за сите љубители на уметноста и на културата. (Д. Т.)
Фото: Фототеката на ЛУ Народен






![[Интервју] Гоце Цветановски: Ако друг не запне да го направи вториот македонски долгометражен анимиран филм, јас ќе бидам тој](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2026/11/prva-3-218x150.jpg)




