четврток, јули 9, 2026
Дома СКОПСКА „Соседска патрола“ во Карпош

„Соседска патрола“ во Карпош

15

Во рамките на заедничките активности насочени кон унапредување на јавната безбедност и превенција од девијантни појави кај младите, вчеравечер, во Општина Карпош била спроведена акцијата „Соседска патрола“.

Во акцијата учествувал градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, заедно со командирот на ПС Карпош – Стефан Тасевски, началникот на ОКР – Давор Дракуловски, инспектори по малолетничка деликвенција, униформирани полициски службеници и родители на малолетни деца.

– Патролата имаше превентивен и советодавен карактер и се спроведуваше на повеќе локации во Општината каде што, во вечерните часови, најчесто се собираат младите, како паркови, спортски игралишта и угостителски објекти. Во рамките на патролата, беа остварени непосредни разговори со младите, при што им беа упатени препораки за совесно и одговорно однесување во јавниот простор, чување на урбаната опрема и почитување на јавниот мир. Беше ставен акцент на советите за превенција од меѓуврсничко насилство и злоупотреба на алкохол и друго ризично однесување – информираа од Општина Карпош.

Акцијата „Соседски патроли“ е активност што е дел од редовните превентивни активности на полициската станица Карпош и се спроведува во заедничка соработка со Општина Карпош, со цел јакнење на партнерството меѓу институциите, родителите и локалната заедница.

 

ИЗДВОЕНИ