четврток, јуни 18, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Сојуз на борците од Тетово: Недозволиво е тие што свесно го прекршиле...

Сојуз на борците од Тетово: Недозволиво е тие што свесно го прекршиле правото, денес да реагираат бурно на судската одбрана на правниот поредок

89

Недозволиво и срамно е тие што свесно го прекршиле правото, денес да реагираат бурно на судската одбрана на правниот поредок, реагира вчера Сојузот на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи Тетово. До ова доаѓа по реакциите во јавноста од страна на дел од политички партии на Албанците кои ја напданаа одлуката на Уставниот суд си која се укина одлуката на Советот на Тетово за преименувањето на градскиот плоштад и повеќе улици во 2007 година. Судот ја укина одлуката бидејќи била донесена на незаконски начин, без да се добие потребното мислење од Владата

Во соопштението, Сојузот на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи Тетово упатува најостра осуда на манипулативните политички соопштенија, изјави и реакции кои укинувањето на незаконска и неуставна одлука сакаат да го претстават како одлука против сограѓаните од албанско етничко потекло.

-Владеењето на правото како темелна вредност на уставниот поредок, но и императив на меѓународното право, подразбира уставност и законитост во работењето на институциите. Советот на Општина Тетово не функционира во замислен простор во кој може да одлучува спротивно на македонскиот Устав и Закон. Недозволиво и срамно е тие што свесно го прекршиле правото, денес да реагираат бурно на судската одбрана на правниот поредок – се потенцира во обраќањето.

Сојузот на борците апелира до сите граѓани да не подлегнуваат на ваквите потпалувања на етничките страсти.

-Живееме во 21 век и треба да градиме современо општество во кое почитувањето како на етничките права, така и на уставот и законите, не треба да се доведува во прашање. За да ја потенцираме лицемерноста ги прашуваме оние кои жолчно реагираат денес, зошто молчат кога со години сите тетовчани и Албанци и Македонци и Роми и Турци и Срби и останатите го дишат најзагадениот воздух во светот? Каква е оваа селективна грижа? Време е политичките елити да созреат! – порака е на оваа организација. (Б.Ѓ.)

Фото: Википедија

ИЗДВОЕНИ