вторник, ноември 3, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Авион што летал од Германија за Турција итно слетал во Скопje, му...

Авион што летал од Германија за Турција итно слетал во Скопje, му се слошило на на копилотот

55

Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе од Келн до Анталија, вчера изврши итно слетување на скопскиот аеродром, откако на копилотот му се слошило за време на летот. Екипажот прогласи итна состојба и побара дозвола за слетување во Скопје. Авионот слета безбедно во 05:06 часот наутро.

Авионот полета од Келн/Бон кратко по 03:00 часот. За време на летот над Балканот, екипажот го испрати сигналот за итни случаи со код 7700, преку кој пилотите ја известуваат контролата на летање за итна ситуација.

Според германската телевизија „RTL“, копилотот имал болки во стомакот и главоболка. По слетувањето во Скопје, му била укажана медицинска помош. Авиокомпанијата не даде дополнителни информации за неговата состојба.

Патниците го продолжија патувањето со резервен авион, кој пристигна во Скопје од Виена. Друг авион Боинг 737-800 ги собра патниците и се упати кон Анталија. Авионот пристигна во Турција околу 16:20 часот по локално време, иако летот првично беше закажан да заврши во 08:20 часот наутро.

„Сан Експрес“ потврди дека летот бил пренасочен кон Скопје од медицински причини и дека авионот слетал безбедно.

ИЗДВОЕНИ