Словенија од јули започнува со примена на нов, револуционерен модел за размена и споделување на електрична енергија произведена од соларни панели, со кој домаќинствата ќе можат да го распределуваат својот вишок струја на други корисници.

Според новиот систем, граѓаните кои произведуваат електрична енергија преку фотоволтаици ќе имаат можност неискористената енергија да ја пренесат на семејство, пријатели или други потрошувачи, независно од нивната локација.

Така, вишокот енергија може да се искористи за намалување на сметките на други домаќинства.
Како што е предвидено, распределбата ќе се врши административно во интервали од 15 минути преку национален дигитален систем, при што електричната енергија нема физички да се пренесува, туку ќе се пресметува како енергетски кредит на сметките.

Со новиот модел се заменува досегашниот систем на автоматско враќање на вишокот енергија во мрежата, со пофлексибилен пристап кој овозможува и директна распределба или продажба по договорена цена меѓу корисниците.

Од Здружението Инженери на Република Македонија велат дека ако може во Словенија, мора да може и кај нас да се воведе ваков систем на размена на електрична енергија.

ИЗДВОЕНИ